Евролига
Барселона славеше во шпанската пресметка, Фенербахче со нова победа ја заокружи двојната програма во Евролигата (ВИДЕО)

Тимот на Барселона се избори за тримф над Басконија од 71-57 во шпанската пресметка во рамките на 28. коло во Евролигата.
Чуден беше мечот во „Палау Блауграна“ пред се во првото полувреме во кое домаќините ја добија првата четвртина со 25-4 за да во втората гостите возвратат со 22-8. Во продолжението ситуацијата беше поинаква, немаше вакви драстични осцилации во играта, а избраниците на Јасикевичиус беа подобри и ја потврдија лидерската позиција на табелата.
Миротиќ запиша дабл-дабл од 18 поени и 10 скокови, Хигинс додаде 13 кошеви, а по девет имаа Дејвис и Ханга. Кај поразените Фол и Геидраитис дадоа по 12, односно 11 поени.
Фенербахче пак двојната програма во оваа седмица ја комплетираше со втора гостинска победа, односно по Милано пред нив падна и Асвел (90-86). Де Коло продолжи да блеска и уфрли 24 поени, Пјер и Гудуриќ реализираа по 13 кошеви.
На останатите средби Олимпијакос го одбрани домашниот терен против Звезда, додека Алба и Милано беа подобри од Химки и Жалгирис.

- Англијапред 23 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Светпред 24 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 22 часа
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 22 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 22 часа
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 12 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Светпред 11 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)
- Шпанијапред 11 часа
Супер лигата испрати соопштение по откажувањето на премиерлигашите: Англичаните беа принудени на ова!