Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барселона славеше во дербито во Торино, Јунајтед ги прегази „биковите“ од Лајпциг (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот вицешампион Барселона славеше над Јувентус со 2-0 во дербито на вечерашните средби од втората рунда во Лигата на шампионите.

Каталонците не дозволија „бјанконерите“ да упатат ниту еден директен шут кон голманот Нето и сосема заслужено со песна си заминуваат од Торино. Резултатот го отвори Дембеле во 14 минута, потоа Мората даде дури три голово кои му беа поништени поради офсајд.

Во 85 минута Демирал заработи втор жолт картон, па избраниците на Куман ја искористија таа ситуација и преку Меси од пенал во судиското продолжение го решија овој дуел и тоа откако Бернардески го фаулираше младиот Фати.


Сега Барса е прва во групата Г со 6 бода, Јуве е втор со 3, додека по еден поен имаат Ференцварош и Динамо Киев кои вечерва ремизираа во Унгарија играјќи 2-2.

Најубедлив пак беше премиерлигашот Манчестер Јунајтед кој го уништи РБ Лајпциг со 5-0. Гринвуд, Рашфорд (3) и Марсијал му пресудија на бундеслигашот на „Олд Трафорд“.

Јунајтед има шест поени, по три пак ПСЖ и Лајпциг, на „нула“ е турскиот претставник Башакшехир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни