Поврзете се со нас

Евролига

Барселона славеше на жешкиот терен во Белград, па играчите чекаат ред да се фотографираат со Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Барселона ја продолжи извонредната серија на резултати и славеше над Црвена Звезда со 76-69 во рамките на 15. коло во Евролигата.

Фаворитот мораше да се испоти за да дојде до посакуваната цел, но успеа да го направи тоа иостанува на врвот со учинок од 13-2 (победи-порази). Хејс-Дејвис со 14 поени беше најдобар поединец, а двоцифрени беа уште тројца играчи кај каталонците.

Кога е во прашање Звезда најрасположени за игра беа Калиниќ и Митровиќ со по 15 кошеви.

Инаку оваа средба во Белград ја проследи најголемиот српски спортист, светкиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ беше во првите редови, а по завршувањето на дуелот многу кошаркарите на Барселона го поздравија и направија фотографии со него.

Останатите резултати во Евролигата:
Анадолу Ефес-Басконија 87-72
Фенербахче-Макаби 90-79
Милано-Панатинаикос 74-54
Реал Мадрид-Алба Берлин 87-64

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни