Шпанија
Барселона скапо ја плати победата над Атлетико

Барселона успеа да слави на жешкиот терен во Мадрид кај Атлетико и тоа по негатива од 2-0 на 20 минути до крајот, односно со супер пресврт дојде до триумф од 4-2 со кој се врати на првата позиција на табелата.
Меѓутоа овој триумф донесе и лоши вести за каталонците, повреди на двајца играчи од кои едната е посериозна и најверојатно е завршена оваа сезона за него.
Се работи за Марк Касадо кој добил сериозен удар и во прашање се лигаментите на коленото и според првичните информации може да биде во аут два месеци.
Другиот повреден е дефанзивецот Ињиго Мартинез кој ќе мора да одмара две до три седмици според вестите на шпанските медиуми.
Касадо и Мартинез беа повикани во шпанската репрезентација, но по нивните повреди селекторот Де Ла Фуенте реагираше, па во националниот тим ќе биде Хујсен од Борнмут и Гарсија од Леверкузен.
-
Македонија24 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија22 часа
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Италија22 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија10 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија5 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија9 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија19 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите
-
Шпанија21 час
Флик по драматичната победа над Селта: Посебно сум среќен поради една работа