Поврзете се со нас

Евролига

Барселона сигурна во Каунас, Басконија го понижи Анадолу Ефес (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона го потврдија статусот на фаворити и славеа на гостувањето во Каунас кај Жалгирс со 73-62 во средбата од 12. коло во Евролигата.

Каталонците беа подобри од ривалот во сите четири четвртини со тоа што трпеливо ја градеа предноста од период од период за конечна победа на крајот, победа број девет во актуелнава кампања. Дејвис со 16 и Курич со 15 поени беа најпрецизни кај Барса, тим за кој специфична партија имаше плејмејкерот Калатес со 6 поени, 5 скокови, 10 асистенции, 3 украдени, но и 7 загубени топки.

Кај домаќините за кои ова беше шести пораз во низа прво име беше Јокубаитис со 15 кошеви.

Басконија пак го понижи Анадолу Ефес на негов терен победувајќи го со 77-59. Тимот од АЦБ лигата одигра одлично во одбраната и најдобар доказ за тоа се само примените 59 кошеви, но и фактот што ниту еден играч кај Ефес немаше двоцифрен број на поени.

Питерс со 18 поени, 7 скокови и 3 асистенции беше најрасположен за игра, Фал и Полонара пак беа автори на по 12 поени. Со овој триумф Басконија има учинок 6-5 (победи/порази) со што се израмни со Ефес.

Останати резултати:

Баерн М-Химки 80-77

Реал М-Асвел 91-84

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни