Поврзете се со нас

Евролига

Барселона сигурна во Белград, Виртус ја доби драмата со Партизан

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/VirtusSegafredo

Кошаркарите на Барселона се снајдоа одлично на жешкиот терен на Црвена Звезда во Белград и со сигурна победа го подобрија својот скор на табелата во Евролигата.

Шпанскиот состав ја најави победата со одличната игра уште во вториот период, а до крајот не дозволи „црвено-белите“ да се вратат во натпреварот и да ја искористат поддршката на домашните фанови.

Бризуела со 20 и Весели со 16 поени беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Недовиќ беше најдобар реализатор на Звезда со 21 поен.

Партизан имаше плус шест во завршницата (71:77) на гостувањето кај Виртус Болоња, но успеа со неколку грешки да го врати противникот во игра, а италијанскиот тим на крајот и успеа подобро да се снајде во завршните две минути за конечни 88:84.

Белинели и Лундберг со по 20 поени го предводеа тимот на Виртус, а Пантер и овојпат беше најефикасен кај Партизан со 22 поени на средбата.

Анадолу Ефес-Милано 79:73
Жалгирис-Панатинаикос 80:68
Црвена Звезда-Барселона 76:85
Монако-Фенербахче 76:69
Виртус-Партизан 88:84

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни