Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона си поигра со Вилјареал за „шест од шест“, но остана без капитенот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/mundodeportivo

Барселона останува перфектна и по шест одиграни натпревари во шпанската Примера со тоа што последниот триумф беше остварен вечерва над Вилјареал со 5-1.

Каталонците заслужија да слават, можеби не со толку убедлив резултат, но избраниците на Флик потврдија дека знаат да биде незгодни, опасни во офанзивата иако дефанзивниот дел е проблематичен и постојат сегменти кои мора да се поправат ако се сака да се има успешна сезона.

Левандовски даде два гола и воедно промаши пенал во 66 минута, двоен стрелец беше и Рафиња, а погоди и младиот Торе. Кај домаќините реализираше Перез во првото полувреме.

Лошата вест за Барса од овој дуел е тешката повреда на капитенот Тер Штеген кој на носилки беше изнесен во финишот на првиот дел. Се работи за проблем со коленото и првите вести се дека може да паузира од 7 до 9 месеци.

ТУКА можете да ги погледнете најважните моменти од вечерашниот меч.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни