Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона се збогува со уште еден трофеј, Билбао славеше во куп натпреварот со „каталонците“ (Видео)

Објавено

на

Одличен натпревар одиграа екипите на Атлетик Билбао и Барселона во рамките на осминафиналето од Купот на кралот.

Победата од оваа средба ја однесе тимот на Билбао (3:2) кој беше нешто подобар противник во текот на сите 120. минути колку што се играше овој натпревар.

Натпреварот одлично започна за домашниот тим кој уште во втората минута преку Икер Муниаин стигна до водство од 1:0. Истото беше анулирано од страна на Феран Торес кој го постигна својот прв погодок како играч на Барселона.

Во 86. минута, Иниго Мартинез во гол ја претвори дотогашната иницијатива на Билбао за вистинска ерупција на „Сан Мамеш“. Во тој момент сите мислеа дека со Барселона е готово на овој натпревар, но така не мислеше и Дани Алвеш кој со мајсторски потег асистираше до Педри кој во 93. минута го изедначи резултатот и натпреварот го однесе во продолженија.

Во дополнителните 30 минути бевме сведоци на уште еден погодок во мрежата на Барселона, постигнат од белата точка.

Жорди Алба играше со рака, а најстрогата казна во гол ја претвори капитенот на домашниот тим, Икер Муниаин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни