Поврзете се со нас

Свет

Барселона се засили со соиграч на Дончиќ (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот вицешампион Барселона договори уште едно засилување за престојнава сезона, засилување на центарската позиција.

Нов член на каталонците ќе биде довчерашниот соиграч на Ненад Димитријевиќ од Валенсија, Мајк Тоби. Договорот е со важност од една сезона, а истиот ќе биде потпишан, официјализиран откако Тоби ќе го мине задолжителните медицински прегледи.

Американецот веќе неколку години настапува во Шпанија, играше во Валенсија и Тенерифе, односно зад своето име има 165 мечеви во Ендеса лигата што јасно говори дека многу добро ја познава кошарката во оваа земја и не би требало да има проблем да се приспособи во новата средина во која главен е Шарунас Јасикевичиус.

-Многу сум среќен што ќе бидам дел од оваа одлична екипа. Со нетпение очекувам да ја започнам новата сезона за да освоиме многу титули. Форца Барса, -порача Мајк.

Интересно е тоа што Тоби има и словеченки пасош, репрезентација во која има фантастична соработка со Лука Дончиќ и ако нема некои неочекувани проблеми треба да го гледаме како го носи овој дрес на ЕП.

Претходно Барса ги договори уште Чесите Томаш Саторански и Јан Весели, Никола Калиниќ, но и Оскар Да Силва кој дојде од Алба од Берлин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни