Поврзете се со нас

Евролига

Барселона се засили со искусниот Калатес

Објавено

на

Шпанскиот вицешампион Барселона ги договорил условите за соработка со грчкиот репрезентативец Ник Калатес.

Откако Калатес се раздели со Панатинаикос стана трансфер цел на неколку клубови, но одлучил да ја прифати понудата на каталонскиот гигант.

Калатес ќе потпише тригодишен договор со Барселона и пред промоцијата треба уште да ги мине и лекарските прегледи.

Гркот настапуваше за Панатинаикос меѓу 2009 и 2012 година, кога му беше соиграч на сега веќе новиот тренер на Барса, Шарунас Јасикевичиус, а во редовите на „зелените“ од Атина се врати во 2015 година.

Според „Марка“, за тригодишниот договор Калатес ќе заработи околу 5,5 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни