Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците

Објавено

на

Барселона се уште ги нема завршено трансфер активностите во овој преоден рок, а една од желбите на тренерот Чави Ернандес е да добие нов десен бек.

Прва цел на каталонците беше Сезар Азпиликуета, но откако Шпанецот се реши да потпише нов договор со Челси заврши интересот за ветеранот и сега во јавноста се споменуваат неколку имиња. На врвот е 24-годишниот Хуан Фојт од Вилјареал, играч чиј агент денеска беа забележан со главниот оперативец на каталонците Матео Алемани.

Ова секако допре до „жолтата подморница“ која се одлучи да испрати јасна порака околу Аргентинецот. Имено тренерот Унаи Емери не сака да чуе за разделба со Фојт, па Вилјареал нема никаква немаре да преговара со Барса за фудбалерот кој може да игра како десен бек, ама и како централен дефанзивец.

Единствена можено за клубот од „Камп Ноу“ е да ја активира откупната клаузула вредна 42 милиони евра, меѓутоа со оглед на финансиската состојба и парите кои досега ги потроши шпанскиот великан повеќе од јасно е дека ова е невозможно, нереално во овој момент.

Во меѓувреме тимот од Ла Лига работи напорно да се ослободи од неколку играчи за да го регистрира Жил Кунде и го официјализира трансферот на Маркос Алонсо од Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни