Барселона се разбуди, Олимпијакос настрада во „Палау Блауграна“

phil-pressey

Кошаркарите на Барселона по петте порази во низа конечно проработеа и вечерва пред своите гледачи во „Палау Блауграна“ го уништија составот на Олимпијакос со 73-51.

Каталонците во овој дуел влегоа со катастрофална серија (3 порази во Шпанија, два во Евролига), но тој бес, таа вишок на енергија беше истурена врз грчкиот претставник кој едноставно не можеше да извлече поволен резултат на оваа средба.

До второто сезонско славје во Евролигата ги водеше центарот Серафан со 13 поени, а двоцифрен беше и Ориола со 11 кошеви. Кај Олимпијакос за кого ова беше прв пораз во елитното натпреварување најистакнато име беше Папапетру со 11 поени.

Во двете преостанати средби беа поставени следниве резултати:

ЦСКА М-Жалгирис 94-91

Анадолу Ефес-Уникаха 74-79

Facebook Коментари