Шпанија
Барселона се пофали со ангажманот на голем африкански талент
Барселона е позната по одличната работа со млади фудбалери и препознавање на нивниот талент, а во иднина ќе се обиде да ја засили и африканската база во своите редови.
Тоа го покажува последниот потег, односно ангажирањето на 18-годишниот Ибрахим Диара, кој потпишал договор со Барса до 2028 година.
Репрезентавецот на Мали има голем потенцијал кој одамна е забележан од скаутите на каталонскиот гигант, а сега дефинитивно ќе му се приклучи на вториот тим, во кој ќе треба да добие посакувана минутажа.
Неофицијално, клубот ќе плати 1,7 милиони евра за овој трансфер, кои ќе завршат во касата на Африка фут академи, каде Диара настапувал пред да биде откриен од Барса.
Диара е левак кој игра во средниот ред и може да настапува на повеќе позиции.
A dream come true! pic.twitter.com/PVLSABwd1n
— Academie Africa Foot (@AfricaFootMali1) December 17, 2024
-
Италија21 час
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија20 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Шпанија19 часа
Пресврт: Јувентус останува без планираното засилување од Барселона