Барселона се откажала од трансфер на досегашен соиграч на Гризман

valverde-stol

Антоан Гризман ја оствари својата цел и денеска стана фудбалер на Барселона, а шпанскиот шампион сериозно ја разгледувал опцијата да ангажира и негов соиграч, односно досегашен член на Атлетико Мадрид.

Се работи за левиот бек Филипе Луис кој е слободен агент и може да потпише договор без отштета со било кој клуб, но Барса се повлекла од идејата да го добие Бразилецот поради неговата возраст.

Луис веќе има 34 години, а дополнително ќе го оптерети и буџетот на клубот кој се уште не се откажал од враќањето на Нејмар уште ова лето. Луис во меѓувреме има неколку понуди и веројатно ќе остане во Европа.

Facebook Коментари