Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона се ослободи од напаѓачот кој требаше да биде замена за Левандовски

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Лидерот во шпанската Примера, Барселона и официјално се ослободи од играчот кој требаше да биде долгорочна замена за Роберт Левандовски.

Се работи за 20-годишниот Витор Роке кој настапуваше за каталонците во вториот дел од шампионатот од минатата сезона или поточно од јануари па до крајот, период во кој не остави некој впечаток за да во оваа кампања биде позајмен во редовите на Бетис.

Овде даде 7 гола и забележа 2 асистенции на 33 натпревари, но оваа позајмица во договор со Бетис беше прекината затоа што Барса доби прифатлива понуда од Палмеирас за Бразилецот.

Клубот од „Камп Ноу“ ќе добие 25,5 милиони евра плус 5 милиони евра за овој трансфер со кој Роке се враќа во татковината каде играше одлично за Атлетико Параненсе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни