Шпанија
Барселона се ослободи од играчот кој беше доведен како замена за Бускетс (ВИДЕО)
Барселона се уште нема анагажирано ниту еден засилување во овој летен преоден рок, но тоа се очекува да се промени во наредниов период, а во тоа ќе помогнат потези како последниот кој е најавен од клубот.
Шпанскиот вицешампион ја информираше јавноста дека Ориол Ромеу ја напушти експедицијата на екипата во САД за да ја реши својата иднина, а голем број на медиуми пак пренесоа дека искусниот играч за врска се сели во Џирона.
Oriol Romeu says farewell at the team hotel in Annapolis pic.twitter.com/d6RkSQllGZ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 2, 2024
Барселона минатото лето бараше замена за Серхио Бускетс, меѓутоа со оглед на специфичната финансиска ситуација на крајот мораше да се задоволи со едно компромисно, евтино решение (3,5 милиони евра) во името на Ромеу, потег кој не се покажа како добар иако играчот имаше позитивен почеток на кампањата.
Ориол одигна вкупно 37 мечеви и забележа 1 асистенција, меѓутоа беше далеку од она што е потребно и што се бара во Барселона за позицијата последен играч за врска. Сега се враќа во Џирона каде е многу почитуван од тренерот Мичел, екипа за која настапуваше во натпреварувачката 2022/2023.
Тој ќе игра како позајмен фудбалер по што Џирона ќе може да го откупи неговиот договор.
-
Италијапред 17 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 15 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 16 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 20 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 19 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 16 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 10 часа
Гундоган за Чави: Луѓето велат дека не освоивме ништо, но………