Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона се огласи за повредата на Олмо, познато е колку време ќе паузира!

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Барселона оствари рутинска победа во соочувањето со Осасуна во заостанатиот меч во шпанската Примера, но соочувањето на „Монжуик“ донесе и една лоша вест за каталонците, повредата на Дани Олмо.

Олмо погоди од пенал во 21 минута за да потоа во 28 биде заменет од Фермин Лопез. Веднаш стана јасно дека се работи за мускулен проблем, но требаше да се направат детални медицински тестови за да се утврди колку време ќе треба да паузира.

Барса денеска се огласи на оваа тема и ја информираше јавноста дека Дани ќе биде во „аут“ три седмици. Ова дефинитивно не е добра вест за екипата затоа што ја очекува напорен распоред во наредниов период, обврски како во домашниот шампионат така и во Купот каде следи полуфиналениот реванш со Атлетико Мадрид и битката со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Шпанецот ќе биде недостапен на шест средби, поточно ќе ги скокне Џирона, Атлетико, Бетис, Дортмунд, Леганес и реваншот со „милионерите“ на „Сигнал Идуна Парк“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни