Барселона се испоти против Звезда, ЦСКА влезе во победнички ритам (Видео)

nikola-mirotic-celebrates

Кошаркарите на Барселона и ЦСКА Москва запишаа нови победи во Евролигата, победи број 15. во актуелнава кампања.

Барселона пред своите гледачи мораше добро да се испоти за да слави над Црвена Звезда. „Црвено-белите“ пружија силен отпор во „Палау Блауграна“, па така домаќинот мораше да додаде гас во завршниот период кој го реализираше со 24-16 за конечен триумф на крајот од 86-82.

Миротиќ со 25 поени и 6 скокви беше најдобар поединец кај победникот, Браун пак со 15 кошеви ја предводеше листата на стрелци на спротивната страна.

ЦСКА Москва против Валенсија го забележа четвртото славје во низа. Клубот од руската престолнина го надигра шпанскиот претставник со 81-70 во меч во кој Војтман дојде до дабл-дабл од 19 поени и 10 скокови.

Ван Росом со 16 кошеви беше најефикасен кај гостите.

Останати резултати:

Баерн Минхен-Макаби Тел Авив 80-68

Басконија-Химки 83-79

Facebook Коментари