Поврзете се со нас

Евролига

Барселона се испоти против Панатинаикос, Жалгирис ја продолжи фантастичната серија (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона и Жалгирис забележаа домашните победи во рамките на 4. коло во Евролигата.

Шпанскиот претставник со доста мака славеше над составот на Панатинаикос со 97-89 и тоа по дополнителните пет минути во „Палау Блауграна“. Каталонците настапија без Никола Миротиќ и Виктор Клавер, во раната фаза се повреди и Алекс Абринес, па мораше некои други момци да се издвојат и помогнат екипата да дојде до посакуваниот резултат.

Панатинаикос добро се држеше, бореше низ сите 45 минути, меѓутоа на крајот мораше да им го честита триумфот на избраниците на Јасикевичиус. Гостите со три слободни фрлања на Каселакис на 7 секунди до крајот се изборија за реми во регуларниот дел, поточно за 75-75 што значеше дополнителни минути за да се реши победникот.

Барса во „новиот период“ беше подобра со 22-14 и со тоа дојде до третата победа в Евролигата. Хигинс со 24 и Дејвис со 20 поени ја предводеа листата на стрелци кај составот од Каталонија, кај Панатинаикос прво име беше Фостер со 24 кошеви.

Жалгирис славеше над Анадолу Ефес со 89-73 и ја продолжи извонредната серија на резултати на почетокот на кампањата. Ова за најдобриот литвански клуб беше четврти триумф во четвртиот натпревар, а во истиот пет играчи беа двоцифрени со тоа што Хејс беше најрасположен со 17 поени и 5 скокови.

Кај Ефес центарот Данстон реализираше 20 поени со 3 скокови и 4 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни