Евролига
Барселона се испоти против борбената Звезда, Монако го доби француското дерби (ВИДЕО)

Кошаркарите на Барселона изборија победа над Црвена Звезда од 86:81 во средбата која вечерва се одигра во „Палау Блауграна“ во рамките на 7. коло во Евролигата.
Домашниот тим важеше за апсолутен фаворит, но мораше добро да потруди, испоти за да го потврди тој статус. „Црвено-белите“ од Белград се бореа низ сите 40 минути, па дури и двоцифрената предност на противникот не ги натера да се откажат, поточно тие покажаа карактер и беа конкурентни до самиот крај.
Паркер со 20 поени и Ернангомез со 18 беа прв стрелци кај победникот за кого Весели беше автор на 14 кошеви. Митровиќ на другата страна беше автор на 22 кошеви.
Монако пак во француското дерби го доби Асвел со 80:70 и тоа пред се на завршниот период кој го реализираше со 23-9. Диало и Окобо искомбинираа 37 поени, Лувавуу-Каборо за гостите реализираше 18 кошеви.
На третата средба Панатинаикос славеше над Алба Берлин со 99:85.
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 24 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Боречки спортовипред 21 час
Судија „заборави“ да прекине борба, УФЦ фановите шокирани од сцената во Остин (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 23 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума