Поврзете се со нас

Свет

Барселона сака да му донесе конкуренција на Алба, едно име е во игра (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Барселона сака до крајот на овој преоден рок да донесе уште некое засилување и со тоа да може многу подобро да го одбработи клучниот дел од оваа натпревувачка 2021/2022.

Една од желбите е да се донесе адекватна замена, конкуренција на Жорди Алба кој многу се троши, а и игра во променлива форма. „Спорт“ пренесува дека Барса сака да го ангажира Николас Tалјафико. Аргентинецот веќе неколку години е меѓу најдобрите, најстандардни играчи на Ајакс, меѓутоа никако не успева да комплетира некој трансфер иако многу тимови имаа/имаат интерес за неговите услуги.

Барса сака да го доведе на позајмица до крајот на кампањата, Ајакс пак бара да биде перманентен трансфер за да на крајот по се изгледа реална е опцијата позајмица со право на откуп. Во оваа операција може да биде вклучен талентот на каталонците Алесандро Балде кој би можел да замине во Амстердам, односно во наредните месеци би бил позајмен играч со што би се затворила дипката која би настанала со заминувањето на Талјафико.

Следниве денови ќе дадат јасна слика на оваа ситуација, Николас во досегашната кариера има уште играно за Банфилд, Реал Мурсија и Индепендиенте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни