Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона сака да ги задржи португалските репрезентативци, но под еден услов

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона повторно ќе има тешко и напорно лето затоа што одново многу работи се отворени, нејасни околу финансиската состојба во клубот, односно се уште во моменов нема моќ за да донесе играчи кои можат да направат разлика, бидат екстра квалитет, додаток на сегашниот состав.

Новиот тренер Ханси Флик ќе има ограничени ресурси и ќе биде интересно да се види што Деко, Лапорта и компанија ќе можат да исполнат од неговите желби.

Во изминатава кампања Барса ги имаше на располагање португалските репрезентативци Жоао Кансело и Жоао Феликс, но на позајмици од Манчестер Сити и Атлетико Мадрид што значи во моментов тие повеќе не се дел од шпанскиот вицешампион.

Шпанскиот вицешампион дефинитивно не сака или подобро не може да ги откупи нивните договорот, меѓутоа според „Мундо Депортиво“ е отворен да ги задржи уште една сезона.

Барса сака нови позајмици во кои ќе има право да ги купи по крајот на сезоната, но опција која не би била задолжителна. Наводно во тоа сценарио Феликс би бил поблиску до враќање назад затоа што Атлетико и нема премногу решенија за него, додека пак проблем би бил Кансело за кого има интерес од други клубови од Европа и Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни