Евролига
Барселона рутински со Асвел, Звезда прва го освои теренот на Олимпијакос (ВИДЕО)

Кошаркарите на Барселона остварија рутинска победа над Асвел од 84-71 во средбата од 23. коло во Евролигата.
Клубот од Каталонија од четвртина во четвртина ја зголемуваше предноста, па по 30 минути игра имаше позитива од 68-50 со што стана јасно дека последниот период ќе биде само потврда за добро завршената работа.
Ова за Барса беше 17 славје, а истото го предводеше Лапровитола со 20 поени, Миротиќ беше автор на 16, а центарот Дејвис на 11 кошеви. Фал и Окобо на спротивната страна искомбинираа 37 поени.
Црвена Звезда пак е првата екипа која го освои теренот на Олимпијакос во актуелнава сезона. „Црвено-белите“ од Белград славеа со 76-72 со што сега останува само Реал Мадрид како единствена непоразена домашна екипа во ова натпреварување.
Дуото Калиниќ-Добриќ беше најфикасно со вкупно 26 поени, кај поразените залудни беа 20 кошеви на Везенов.
Средбата меѓу Макаби ТА и Фенербахче беше одложена, додека Зенит славеше над Андолу Ефес со резултат 76-67.
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 21 час
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
НБАпред 24 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 13 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
Шпанијапред 23 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)