Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона рутински ја реши Осасуна, Олмо повторно го загрижи Флик (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/FCBarcelona

Барселона и Осасуна го одиграа заостанатиот натпревар од Ла Лига во малку невообичаен термин, но домаќинот не дозволи изненадување (3:0) и заслужено ги освои бодовите.

Каталонците уште во 11. минута го отворија резултатот преку Торес и најавија дека одат на сигурна победа, а Дани Олмо го зголеми водството од белата точка десет минути подоцна.

Шпанскиот репрезентативец не реализираше од првиот обид, но судијата реши дека пеналот ќе биде изведен повторно, а Олмо не погреши во втората ситуација.

Единствениот негативен момент од оваа средба за Барса е поврзан токму со Олмо, кој повторно се пожали на повреда во првиот дел од средбата и беше заменет од тренерот Ханси Флик.

До крајот, точка на средбата стави Левандовски во 77. минута, поставувајќи ги конечните 3:0, со што Барселона сега е осамена на врвот на табелата во Ла Лига, со три бодови повеќе од Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни