Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона разгледува пет слободни агенти кои може да ги доведе како замена за Тер Штеген

Објавено

на

foto: https://twitter.com/fcbarcelona_cat

Барселона во наредните неколку дена ќе мора да размисли каков потег ќе повлече околу наоѓање замена на Марк Андре Тер Штеген, откако Германецот вчера заработи тешка повреда на коленото против Вилјареал.

Шпанските медиуми пренесуваат дека станува збор за кинење на тетивата и дека Германецот може да отсуствува до осум месеци, а тоа значи дека ќе биде преголем ризик за Ханси Флик да остане во тимот само со Ињаки Пења.

Младиот голман доби шанса минатата сезона и не се прослави премногу со оглед на бројот на примени голови, па затоа доста веројатно е дека клубот ќе донесе уште еден чувар на мрежата за да го пополни празното место кое ќе го остави Тер Штеген.

Со оглед на правилата, Барселона може да доведе само голман кој во моментов е слободен агент, па каталонските медиуми ја составија првата листа од голмани кои можат да бидат донесени без да се потроши едно евро.

Од сите пет кои се набројани во прв момент, најмногу се издвојува името на Кејлор Навас, од едноставна причина што Костариканецот во минатото ги бранеше боите на Реал Мадрид. Искусниот Кејлор стана слободен агент на крајот на минатата сезона, но покрај него, Барса како први опции во моментов ги разгледува и Жорди Масип (поранешен голман на Барса), Едгар Бадија, Јири Павленка и Лорис Кариус.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни