Барселона и ПСЖ договориле дел од условите, Нејмар поблиску до враќање во Шпанија

neymar

Денешниот прв состанок меѓу претставниците на Барселона и ПСЖ не завршил со конкретен договор за трансферот на Нејмар, но медиумите во Шпанија тврдат дека е постигнат сериозен напредок.

Барса сака да вклучи свои играчи во трансферот, а откако не се согласила на барањето на ПСЖ да им дозволи преселба во Париз на Семедо или Дембеле, Французите прифатиле да го добијат Филипе Кутињо, но само во друштво на Иван Ракитиќ.

Хрватот бил лично барање на спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, а ваквиот предлог бил прифатен од Барселона, по што сега останува да се реши уште сумата која шпанскиот првак ќе ја доплати во пакетот за да го добие Нејмар.

Официјален договор не е постигнат, но тоа може да се случи многу брзо, откако двете страни ќе ги усогласат проценките за вредноста на вклучените фудбалери, а ќе биде договорен и начинот на исплата на дополнителната сума. Секако на сцена ќе бидат и агентите на Кутињо и Ракитиќ, кои ќе треба да ги договорат личните услови со ПСЖ.

Facebook Коментари