Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона продаде уште еден играч за да може да го регистрира Олмо

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Барселона се ослободи од плата на Илкај Гундогон и ослободи 40 милиони евра во својот буџет, но сепак ни тоа не беше доволно за да се регистрира најголемото летно засилување.

Дани Олмо извиси во прв момент поради тоа што заминувањето на Гундоган не ги исполни во целост строгите барања на Ла Лига, па така клубот мораше брзо да реагира, за да ослободи уште 10-тина милиони евра.

Каталонскиот великан оваа вечер режираше уште една продажба на свој фудбалер, односно си подаде рака со Рен за трансферот на Мика Фаје.

Талентираниот стопер во иднина ќе игра во Рен за фиксни 11 милиони евра, но Барселона може да заработи уште четири милиони евра, но и да го врати во иднина за 35 милиони евра.

Оваа операција се очекува во целост да ја израмни клупската каса во Барселона, по што клубот веднаш ќе може да го регистрира Дани Олмо за дербито против Атлетик Билбао претстојниов викенд.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни