Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона продаде уште еден фудбалер кој беше на трансфер листата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Раководстото на Барселона конечно најде нов клуб за Микаел Фаје и младиот дефанзивец ќе ја продолжи кариерата во француското првенство.

Денеска е потврдено дека 20-годишниот Сенегалец ќе биде нов член на Рен, па фудбалерот веќе и позираше во црвениот дрес кој ќе го носи во продолжение од кариерата.

Барса ќе добие 10,3 милиони евра за трансферот на Фаје, дополнителни 30 проценти од неговиот следен трансфер, а вметната е и клаузула за враќање на фудбалерот во шпанскиот клуб по цена од 25 милиони евра.

Фаје не доби шанса да настапи за првиот тим на Барса како дел од останатите млади таленти во оваа екипа, но се покажа како добра инвестиција бидејќи минатата година беше доведен од Хрватска за само 1,5 милион евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни