Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона прими три гола и освои само бод против Гранада (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона вторпат оваа сезона одигра само реми против Гранада, а овој тим кој сега се бори за опстанок трет пат во низа не загуби на гостувањата кај каталонскиот гигант.

Избраниците на Чави Ернандес одново ги презентираа сите свои слабости во играта во одбрана, па така претпоследниот тим на табелата успеа да постигне три гола во мрежата на повратникот Марк Андре Тер Штеген и на крајот да освои голем бод.

Гранада одигра 2:2 против Барса и на натпреварот во првиот дел од сезоната, но овој резутлат е далеку посензационален и само покажува дека Реал Мадрид оваа сезона нема вистински ривал за титулата.

Откако „кралевите“ вчера ја декласираа второпласираната Џирона, се чинеше дека Барселона ќе се приближи барем до второто место, но наместо тоа, тимот на Чави повторно киксираше.

Јамал го донесе фаворитот во водство и тогаш се чинеше дека Барселона ќе има лесен меч, но Санчес и Пелистри се погрижија за пресврт и го натераа домаќинот да брка резултат. Левандовски брзо израмни на 2:2 во 63-та минута, но три минути подоцна Гранада повторно постигна гол и Микел погоди за 2:3.

До крајот, Барса фрли се на една карта и одново се врати во игра со погодокот на Јамал, но иако имаше обиди и за четврти, мрежите мируваа до последниот судиски свиреж и аутсајдерот освои голем бод во Каталонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни