Поврзете се со нас

Евролига

Барселона преживеа во Пирија, Фенербахче го уништи Химки (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона, Фенербахче и Армани Милано издвојуваа победи на првите три средби од 23. коло во Евролигата.

Лидерот во ова натпреварување, составот на Барселона по една трилер завршница успеа да дојде до славје во Пиреја кај Олимпијакос со 76-74. Каталонците одиграа добро прво полувреме, па се загубија во третата четвртина за да се дојде до драматична завршница во која решавачки беа двете погодени слободни фрлања на Хигинс на 6 секунди до крајот на мечот.

Домаќините имаа шанса за победа или најмалку продолжение, меѓутоа обидите на Спанулис, Мартин и Слукас не завршија низ мрежичката на противникот. Хигинс даде 14 поени, Миротиќ 16, додека двоцифрени беа уште Дејвис (10), Ориола (11) и Калатес (12).

Кај поразените прво име беше МекКисик со 18 поени.

Фенербахче дојде до осмото славје во низа, а нова жртва беше Химки кој беше понижен на негов паркет со 107-76. Де Коло со 18 и Браун со 17 поени беше водечки стрелци кај клубот од Истанбул, додека залудни за рускиот претставник беа 29 кошеви на Швед.

Милано со пресврт во вториот дел го доби Зенит со 82-76 за 15 славје во натпреварувачката 2020/2021.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни