Поврзете се со нас

Свет

Барселона пресилна за Хувентуд и Димитријевиќ во четвртфиналната мајсторка

Објавено

на

Барселона се пласираше во полуфиналето на плејофот на шпанското кошаркарско првенство, победувајќи го Хувентуд во решавачкиот натпревар со убедливи 94:73.

Нено Димитријевиќ и неговите соиграчи со добра игра на втората средба изборија мајсторка, но Барселона доминираше во решавачкиот дуел на ова каталонско дерби и се пласираше во следната фаза.

Кај домаќините се врати Калатес, па по помалата предност на полувреме, Барселона го реши победникот во третиот период кој го доби со 34:17.

Димитријевиќ постигна 10 поени и забележа 6 асистенции во дресот на Хувентуд, а поефикасни од него биле само Бродзиански со 11 и Томиќ со 17 поени.

Барселона беше предводена од Курик со 22 и Гасол со 14 поени, a во полуфиналето ќе игра против Тенерифе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни