Барселона пресилна за Антиќ и Црвена Звезда

pero-antic

Српскиот првак Црвена Звезда загуби со убедливи 88:54 на гостувањето кај Барселона во кошаркарската Евролига, а домаќините беа најнемилосрдни во последниот период кој го добија со 26:5.

Барселона постојано беше во водство, а Црвена Звезда одигра најдобро во третиот период кој го доби со 25:17, за потоа, во последните десет минути да одигра катастрофално и да дозволи тежок пораз во „Блауграна“.

Ова одамна не сме го виделе: Томиќ заби преку Антиќ и ја скрши таблата во „Палау Блауграна“ (Видео)

Перо Антиќ за неполни 13 минути на теренот постигна 4 поени (сите од слободни фрлања), а најефикасен во неговиот тим беше Рочести со 13 поени. Во победничкиот состав Рибас реализираше 18, а Томиќ и Копонен по 16 поени.

По 25 кола, Звезда е на 11. место со 10 победи, додека Барселона е на претпоследната 15. позиција со 8 победи.

Facebook Коментари