Поврзете се со нас

Франција

Барселона пресече и нема да наддава со ПСЖ, Куман остана без планираното засилување

Објавено

на

Барселона беше во пол-позиција за ангажман на Џини Вајналдум кој стана слободен агент по крајот на сезоанта во Премиер лигата, но иако и агентот на фудбалерот оствари контакти со луѓето од „Камп Ноу“, холандскиот репрезентативец на крајот нема да заврши во редовите на каталонскиот гигант.

Причина за тоа е влегувањето во игра на ПСЖ, клуб кој реши да ја искористи својата финансиска моќ за да започне еден вид на наддавање, во кое дефинитивно нема да се приклучи Барселона која има ограничен буџет во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Вестите од Каталонија најавуваат дека Вајналдум е пред договор со ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи на „Паркот на прицновите“, информации кои ги потврди и човекот кој важи за најпознат експерт за трансфери.

Новинарот Фабрицио Романо исто така потврди дека Вајналдум го избрал ПСЖ, откако „светците“ му понудиле двојно поголема плата од онаа која можела да си ја дозволи Барса, односно управата предводена од претседателот Жоан Лапорта.

Романо потенцира дека Вајналдум ќе потпише тригодишен договор со францускиот вицешампион, а останува дали Барселона ќе успее да му ја оствари втората холандска желба на Куман, напаѓачот Мемфис Депај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни