Поврзете се со нас

Евролига

Барселона преку драма до израмнување против Зенит, ЦСКА ја зголеми предноста

Објавено

на

Барселона извлече победа на вториот дуел со Зенит (81:78) од четвртфиналната серија на Евролигата и мораше да игра продолжение за да израмни на 1:1.

Рускиот состав со својата препознатлива игра во одбрана успеа да се најде во ситуација да победи и вторпат на гостински терен, со што ќе имаше многу полесна задача на домашен терен.

Барселона на полувреме имаше плус седум, но во последниот период се влезе со резултат 48:48, што беше најава за драматична завршница.

Домаќините имаа најмногу плус шест во последниот период, но Зенит предводен од Кевин Пангос не само што израмни, туку имаше и дваесетина секунди да реализира за победа. Пангос не успеа, па со резултат 66:66 се замина во дополнителни пет минути.

Во нив Барселона имаше подобра завршница и на крајот победи со 71:68, во пресрет на двете средби на гостински терен, на кои мора да победи барем еднаш доколку сака да ја врати серијата во Барселона.

Дејвис со 22 и Хигинс со 15 поени беа најдобри реализатори во редовите на победникот, додека Пангос со 23 поени реализираше најмногу кај Зенит.

Претходно, ЦСКА Москва вторпат го победи Фенербахче (78:67) во нивната серија и со одлична предност ќе се подготвува за гостувањето во Турција.

Хакет со 14 и Шенгелија со 11 поени се истакнале во домашниот тим, а кај гостите Гудуриќ реализирал 27 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни