Поврзете се со нас

Евролига

Барселона повторно со победа по продолжение, црна серија за Ефес и Жалгирис

Објавено

на

Новиот натпреварувачки ден во кошаркарската Евролига донесе нови победи за Барселона и Реал Мадрид, како и продолжување на црната серија на Анадолу Ефес и Жалгирис.

Реал Мадрид лесно го совлада Панатинаикос со 88:65, во натпревар на кој најефикасен кошаркар кај домаќините бил Таварес со 17 поени.

Барселона мораше повторно да игра продолжение, овој пат на гостувањето кај Монако, за победа од 81:85. Шпанскиот претставник извлече дополнителни пет минути со поените на Дејвис во финишот, а во продолжението беше поуспешен од Монако, за четири од четири во Евролигата.

Дејвис со 25 поени беше најдобар реализатор во редовите на победникот, а Џејмс уфрли 17 поени за Монако.

Анадолу Ефес никако да стигне до првата победа во новата сезона, а вечерва загуби од Милано со 75:71, при што италијанскиот тим беше предводен од Дилејни со 16 и Хол со 13 поени.

Четврти пораз доживеа и Жалгирис, овој пат на гостувањето кај Олимпијакос, на дуел кој Грците го добија со убедливи 83:68. Домашна победа оствари и ЦСКА Москва, која немаше воопшто лесна задача со Црвена Звезда и триумфираше со 78:76.

По четири комлетирани рунди во Евролигата, само Барселона и Милано се без пораз, а следуваат Олимпијакос, Реал Мадрид, Асвел, ЦСКА и Зенит со ефект 3-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни