Барселона повторно пазари од омилено место: Новиот шампион го договори првото летно засилување во одбраната!

lenglet-suki

Барселона сигурно ќе се обиде да го доведе Антоан Гризман во своите редови во текот на претстојниот преоден рок, но пред стартот на истиот, сега од Каталонија пристигна една ексклузивна информација дека ѕвездата на Атлетико сепак нема да биде првото летно засилување на тимот.

Од претходно познато е дека Бразилецот Артур има големи шанси да се претвори во значајно засилување во средниот ред, но сега „Мундо Депортиво“ пренесува дека всушност официјално прво летно засилување ќе пристигне во одбраната, или поточно на централната бековска позиција. Угледниот каталонски весник кој има свои инсајдерски информации од клубот од „Камп Ноу“ пренесува дека Барселона ја завршила работата со агентот на Клемен Ленгле, суперталентираниот стопер на Севилја кој воодушеви со своите партии во Примера оваа сезона.

Станува збор за феноменален 22-годишен фудаблер кој веќе се докажа со своите настапи во Ла Лига, а иако е многу млад, самиот одлучил дека е подготвен за еден голем чекор во кариерата, односно премин во Барселона. „Мундо Депортиво“ тврди дека новиот шпански шампион веќе ги договорил личните услови, па сега само прашање на време е кога на Севилја ќе и биде исплатена откупната клаузула која изнесува 35 милиони евра.

На овој начин, своевидно продолжува убавата традиција која ја има Барселона со купување на играчи од омиленото место, бидејќи сите добро се сеќаваме какви успеси оствари Дани Алвес и Иван Ракитиќ откако го заменија „Рамон Санчес Писхуан“ со „Камп Ноу“.

Facebook Коментари