Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона повторно „без муниција“, Кастелјанос пропушти шанса да го шокира „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Фудбалерите на Барселона не успеаа да слават во малото каталонско дерби против Џирона со кое се затвори 28. коло во шпанската Примера.

Избраниците на Чави Ернандез важеа за фаворит на овој меч, меѓутоа тој статус не го потврдија и на крајот мораа да бидат задоволни само само со бод. Како и на средбата со Реал пред неколку дена, Барса одново остана без „муниција“, односно иако упати скоро 20 удари ниту еден од нив не заврши во мрежата на гостите.

Меѓутоа токму Џирона ја имаше најубатата можност на „Камп Ноу“ и тоа преку Кастелјанос кој во 55 излезе сам пред Тер Штеген, ама шутираше катастрофално.

Барса и со ова реми ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Реал Мадрид, поточно сега има плус 13 од „кралевите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни