Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона потврди уште две нови повреди, Араухо оди на операција (ФОТО)

Објавено

на

Многу играчи на Барселона заминаа да им помогна на своите репрезентации во изминатиов период, но добар дел од нив доживеаа повреди и нема да му помогнат на клубот во наредниот период.

Жил Кунде се повреди играјќи за Франција и ќе биде во „аут“ некое време, а истата судбина ги снајде и холандскиот репрезентативци Мемфис Депај и Френки Де Јонг.

Шпанскиот великан ги потврди проблемите на Холанѓаните, ама не прецизира колку време ќе паузираа, но затоа се тука медиумите кои тврдат дека Депај ќе отсуствува сигурно еден месец, додека Френки наводно би можел да биде подготвен за Интер, односно само ќе го скокне дуелот со Мајорка во Примера.

Најтешко помина голмиот борец Роналд Араухо кој настрада носејќи го дресот на Уругвај, проблем кој ќе го спречи да настапи на СП во Катар. Имено тој ќе оди под нож, хируршки зафат кој ќе биде извршен во Финска во средба по што ќе следи период на закрепкување од неколку месеци.

Останува да се види како Чави Ернандес ќе се снајде во овој напорен период кој следува до СП затоа што ќе биде одиграни голем број на натпревари на секои три дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни