Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона потврди дека важен играч ќе го пропушти дуелот со Бенфика

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Вчерашното реми против Хетафе не е единствена лоша вест за Барселона викендов, па тренерот Ханси Флик добил информација дека наредниот период нема да смета на еден важен играч.

Шпанскиот состав патува за Лисабон каде ќе се сретне со Бенфика во Лигата на шампионите, а таму ќе го нема Дани Олмо.

Шпанскиот репрезентативец има мускулен проблем кој бил утврден со вонреден преглед и нема да биде во составот кој ќе игра на гостувањето во Португалија.

Барселона не го потврди периодот на пауза на Олмо, но јасно е дека постои ризик да пропушти уште неколку натпревари наредниот период.

Каталонците се во добра позиција во ЛШ и евентуален успех против Бенфика ќе им гарантира место во осминафиналето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни