Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона потпиша нов договор со еден од лидерите во екипата

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Барселона работи на продолжување на соработката со дел од играчите, а прва зделка која е официјално потврдена и затворена е онаа со еден од капитените на екипата, Роналд Араухо.

Дефанзивецот кој е втор капитен во Барселона по голманот Марк Андре Тер Штеген се поврзуваше со заминување во овој преоден рок, Јувентус притискаше да го обезбеди, но дојде до пресврт по разговорот кој играчот го имаше со спортскиот директор Деко за да набрзо потоа клубот и претставниците на Уругваецот најдат заеднички јазик според кој стоперот ќе остане на „Камп Ноу“ најмалку до 30 јуни 2031 година.

Должината на договорот јасно говори дека клубот во него гледа лидер на тимот на долги стази. Роналд од 2018 година е дел од Барса каде преку Б тимот дојде до првата екипа и на вкупно 154 натпревари постигна 8 гола и забележа 6 асистенции.

Со Барса ги има освоени пехарите во Ла Лига, Копа Дел Реј и Супер Купот на Шпанија.

Следен кој ќе ја продолжи соработката е Жерард Мартин и тоа до 2028 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни