Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона поднела пет тужби против новинари за случајот Негреира, некои медиуми почнале да ги бришат информациите

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта пред неколку дена најави дека тој и неговите соработници ќе направат се за да го заштитат имиџот на клубот во случајот Негреира, односно да се дознае вистината по сите информации кои се појави во медиумите.

Лапорта се огласи по соопштението на Реал и испрати јасна порака: Барселона е жртва на кампања, многумина ќе треба…(ФОТО)

Каталонците тврдат едно, дел од медиумите друго, па шпанскиот великан реши да се вклучи во акција и според „Спорт“ веќе се поднесени пет тужби против новинари на оваа тема, тужби за клевети и ширење дезинформации, а се подготвуваат и други во наредниве денови, период за да се заштити Барселона.

Исто така лидерот во Примера бара од нивните членови да им достават вести од медиумите во кои се шират вести за корупција, вести за овој случај кои можат да бидат основа за да добијат тужба.

Според новинарот Тони Хуанмарти некои медиуми, страни почнале да бришат твитови по најавената офанзива на Барселона.

Во овој момент се уште нема точен датум за прес конференцијата на Лапорта во која би говорел за најжешката тема, но според „Спорт“ тоа би можело да се случи наредната седмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни