Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона подготвува летна „чистка“ вредна 200 милиони евра

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Следната сезона Барселона ќе има нов тренер, а додека раководството обезбеди наследник на Чави Ернандес, размислува и за голема „чистка“ во првиот тим.

Спортскиот директор Деко планира да направи големи промени во составот во летниот преоден рок, а покрај планираните засилувања, сериозно внимание ќе биде посветено на очекуваните продажби кои треба да ја подобрат и финансиската ситуација на Барса.

Каталонски „Спорт“ тврди дека актуелниот шпански шампион ќе го реструктуира составот и планира да заработи околу 200 милиони евра од продажба на фудбалери, што подразбира дека ќе се откаже и од некој поважен играч кој во моментов го носи дресот на Барселона.

Рафиња речиси сигурно ќе добие порака да си бара нов клуб, нема да им бидат продолжени договорите на Серхи Роберто и Маркос Алонсо, а Барса ќе продаде и еден стопер.

Роналд Араухо е посебно ценет од фановите на клубот, но „Спорт“ пренесува дека Барселона може да прифати негово заминување ако добие понуда која тешко може да ја одбие. Уште претходно се шпекулираше дека Баерн е подготвен да плати 100 милиони евра за Араухо, па се чини дека шпанскиот клуб не би испуштил ваква шанса за полнење на својата каса, а потоа барање и поевтина алтернатива како замена за Уругваецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни