Шпанија
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок

Ектор Белерин пристигна на „Камп Ноу“ како слободен агент минататото лето, но после само шест месеци, стана јасно дека е прекуброен во составот на Чави Ернандес и сега бара свој излезе на крајот од зимскиот преоден рок.
Последните неколку часа од јануарскиот трансфер пазар се очекува да бидат доста турбулентни, а искусниот шпански десен бек веќе има постигнато договор за преселба во Спортинг Лисабон.
По трансферот на Педро Поро во редовите на Тотенхем, Спортинг сака експресно да ја покрие десната бековска позиција со Белерин, кој има зелено светло од Барселона за реализирање на трансферот.
Како што јавуваат каталонските медиуми, зделката сигурно треба да се комплетира до крајот на денот, пред се поради тоа што барањата на Барса не се воопшто високи.
Каталонците бараат минимален надоместок, односно ќе се задоволат со еден милион евра за да го пуштат Белерин во Лисабон.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……