Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави

Објавено

на

Барселона успеа да регистрира најголем дел од своите засилувања во овој преоден рок, а тоа го направи еден ден пред почетокот на новата сезона и дуелот со Рајо Валјекано.

Финансиските проблеми бараа дополнителни решенија од каталонскиот клуб, но Жоан Лапорта и неговите соработници очигледно пронашле начин, па вечерва Ла Лига го потврди регистрирањето на најголем дел нови играчи на Барса.

Меѓу пријавените се Роберт Левандовски, Андреас Кристенсен, Френк Кеси и Рафиња, а единствениот кој засега „виси“ е Жил Кунде.

Достапни ќе бидат и Дембеле и Роберто кои ги продолжија договорите, додека Кунде ќе мора да чека до утре за да знае дали ќе биде во конкуренција за дуелот со Рајо.

Тренерот Чави веќе најави дека е оптимист за тоа дека Барса ќе ги има сите фудбалери во составот, а на таквиот статус влијаат и прифатените намалени плати на капитените Жерард Пике и Серхио Бускетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни