Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона победи, но играч на Валенсија го имаше потегот на натпреварот: Голчиштето на Карлос Солер (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона го заборави болниот пораз од Гранaда (2-1) со славје на „Месталја“ против Валенсија (3-2) со што остана во трка за круната во најсилниот шпански шампионат.

Лионел Меси дада два гола од кои едниот беше од слободен удар, во листата на стрелци се запиша и Антоан Гризман, но потегот на натпреварот беше дело на домашниот играч Карлос Солер.

Солер во 83 минута ги постави конечните 2-3 со супер удар, проектил од околу 30 метри, удар за кој одговор немаше Тер Штеген кој со својот обид за одбрана само му даде дополнителна убавина на мајсторијата на ѕвездата на „лилјаците“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни