Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона победи на збогувањето со Чави (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Барселона победи на гостувањето кај Севилја (1:2) за позитивен финиш на сезоната и соодветно збогување со досегашниот тренер Чави Ернандес.

Каталонците во секој случај ќе завршеа на второто место, но вака барем ја намалија конечната предност на шампионот Реал на минус десет, додека Севилја само ја надополни лошата серија со четврти пораз по ред во Ла Лига.

Барса поведе со голот на Левандовски во 15. минута, петнаесет минути подоцна Ел Несири ги врати домаќините во игра, а тој резултат беше активен до второто полувреме.

Човек на одлука беше Фермин Лопез во 59. минута, кој со силен удар успеа да го совлада противничкиот голман и да ги постави конечните 1:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни