Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона отпадна од трка за уште еден трофеј, Чави посочи од што е посебно загрижен

Објавено

на

Барселона остана без уште една шанса да се бори за трофеј до крајот на сезоната и оваа листа е се пократка, откако тимот на Чави Ернандес беше поразен од Атлетик Билбао во осминафиналето на Копа дел Реј.

Една седмица по „Ел Класико“ поразот во полуфиналето на Суперкупот, верните навивачите на Барселона се збогуваа со уште еден трофеј, односно со оној кој избраниците на Роналд Куман го освоија минатата натперварувачка сезона.

Барса нема да ја брани титулата во Купот на кралот откако во драматичен меч загуби од Атлетик Билбао со 3:2, пораз кој Чави призна дека ќе биде тешко да се прифати и дека ќе следат неколку лоши денови за него и неговите играчи.

– Кога ќе се направи реална анализа, ќе се заклучи дека Атлетик не надмина во речиси сите елементи. Беа подобри во директните дуели, ги добиваа вторите топки, ја доживуваа секоја топка како да е последна. Ги предупредив моите играчи за тоа, на „Сан Мамес“ секогаш е жешко и тие не победија поради тоа што имаа подобар интензитет. Ако не ги израмните во интензитетот, немате шанси против нив, не можете да се носите со нивната енергија.

– Беа фантастични, организирани и работеа како тим. Мислев дека со израмнувачкиот гол на Педри за 2:2 моментумот се врти на наша страна, но не беше така. Кога треба да се фатиме за главата или опашката, ние секогаш ја фаќаме опашката и мора да ја промениме таа лоша динамика. Најмногу ме загрижува тоа што тие се наметнаа на теренот, ја наметнаа својата игра и тоа е за загрижување. Следат тешки денови за нас, вакви порази не се прифаќаат лесно, – призна Чави кој е загрижен и за новата повреда на Ансу Фати.

– Ансу Фати беше многу потресен и емотивно нестабилен. Да почекаме и да видиме каква ќе биде дијагнозата со него. Останатите како Пике, Жорди Алба и Педри го завршија мечот со болки, но кај нив не очекувам ништо сериозно, – изјави Чави по поразот од 3:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни