Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона освои само бод против Кадиз

Објавено

на

Барселона го забележа и второто реми по ред во Ла Лига, а по Гранада, не успеа да го победи ниту Кадиз (0:0).

Победата ќе го намалеше притисокот врз фудбалерите и тренерот Роналд Куман, но наместо тоа, Кадиз беше и поопасен во завршницата во која играше со фудбалер повеќе.

Френки де Јонг набрзина доби два жолти картони и беше исклучен во 65. минута, па им ја олесни работата на домаќините, а Барселона не реализираше неколку добри шанси преку Мемфис Депај.

Последната беше во судиското продолжение кога Холанѓанецот доби одлична топка од Пике, но не го искористи зицерот пред голот на Кадиз.

Домашните играчи имаа неколку шанси во последните петнаесет минути, но не успеаја да го совладаат Тер Штеген, по што Барселона и Кадиз ремизираа без погодоци.

Барселона сега заостанува седум бодови зад лидерот Реал Мадрид, кој има и натпревар повеќе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни