Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона остана без значаен играч за финалето против Реал

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона го оправда статусот на фаворитот и издвојува победа над Осасуна во полуфиналето на Супер Купот на Шпанија кој се одржува во Шпанија.

Со ова каталонците си обезбедија можност да дојдат до првата титула во оваа сезона, односно да можат да ја одбранат со оглед на тоа што лани ја освоија истата. Меѓутоа за да го остварат тој резултат ќе мора да го добијат големиот ривал Реал Мадрид што нема да биде воопшто лесно со оглед на тоа што „кралевите“ се во добра форма, ритам и веќе добија една Ел Класико битка во актуелнава кампања.

Барса пред овој меч доби и една лоша вест, а тоа е повредата на Рафиња кој нема да биде достапен некое време. Бразилецот мораше предвреме да го заврши вчерашшниот натпревар, па иако се појавија вести дека се работи за удар и можно е да му биде достапен на Чави за в недела, тие информации се покажаа како неточни.

Офанзивецот има мускулна повреда и клубот не откри колку време ќе мора да паузира, но според дел од медиумите тоа ќе бидат неколку седмици, па дури тој ќе види и за соочувањето со Наполи во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни