Поврзете се со нас

Англија

Барселона остана без средства и за посакуваното засилување од Ливерпул

Објавено

на

Foto:instagram.com/stefanbajcetic

Барселона мораше итно да ги впери очите кон трансфер пазарот откако Марк Бернал заработи тешка повреда на коленото, а како прва опција на Ханси Флик и спортскиот директор Деко се издвои Стефан Бајчетиќ.

Младиот играч за врска на Ливерпул се најде на трансфер пазарот во ситуација кога нема стандардно место во тимот на Арне Слот, па иако Барселона се обиде да му го расипе договорениот трансфер и да го доведе во Каталонија, на крајот клубот сфатил дека во моментов нема потребни финасиски средства за да ја комплетира ситуацијата.

Иако Ханси Флик лично му се јавил на Бајчетиќ и побарал од младиот играч за врска да почека неколку дена, „Мундо Депортиво“ открива дека тоа не било доволно за стопирање на договорената зделка, според која Стефан во новата сезона ќе игра во Ред Бул Салцбург.

И покрај сериозниот интерес од Барса, каталонскиот великан брзо се повлекол поради фактот што не можел да гарантира брза регистрација за 19-годишниот фудбалер, по што Бајчетиќ и дефинитивно дал зелено светло за комплетирање на трансферот во Австрија.

Оваа опција исто така ќе биде доста интересна за него, бидејќи од неодамна прв тренер на РБ Салцбург е Пеп Лијндерс, долгогодишниот соработник на Јирген Клоп.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни